|
Агенција за недвижности ТВОЈ ДОМ - Скопје |
|
|
Местоположбата на Агенцијата за недвижности "ТВОЈ ДОМ" - Скопје е во Центар на Скопје, поточно во Порта Буњаковец, дијагонално од Соборниот храм "Свети Климент Охридски". Агенцијата за недвижности "ТВОЈ ДОМ" - Скопје е повеќе вработени и тоа:
1. Директор,
2. Менаџер,
3. Деловна секретарка и
4. Повеќе искусни агенти за недвижности.
Нашата мисија како Агенција за недвижности е Вашата замисла да стане реалност, да Ви го обезбедиме домот за кој отсекогаш сте сонувале. Ние постоиме за да Ви служиме Вам.
Соработката со реномирани инвеститори и проширување на истата, ни овозможува секогаш да бидеме способни да го понудиме тоа што Вам Ви треба, без разлика дали се работи за изнајмување или купување на Вашиот иден стан, куќа или деловен простор.
За оние кои сакаат да инвестираат во недвижности имаме база на податоци од плацеви на атрактивни локации кои ги задоволуваат и најпребирливите купувачи.
Како Агенција за недвижности која се залага за професионално и чесно работење, не само што го наоѓаме најдоброто за Вас, туку Ви ги нудиме и нашите правни совети, ја извршуваме подготовката на Вашите Договори, вршиме проценка на Вашите недвижнини и секогаш Ви го нудиме нашиот стручен совет за Вашите идни инвестиции, остварувајќи близок, пријателски однос со Вас како наши клиенти.
Со цел што подобро и поефикасно да Ви служиме Вам, изработивме веб страна со прецизен пребарувач, со чија помош самите Вие ќе бидете во можност, за најкратко време во нашата широка понуда, да ја креирате Вашата понуда.
Менаџер
|
Директор |
Дејан Тасев
|
Митко Тасев
|
|
|
|